Ван Гал одлучи, Руни ќе биде капитен на Јунајтед

По синоќешниот пријателски натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Валенсија кој го добија Црвените Ѓаволи со 2-1, Ван Гал го соопшти изборот за капитен.

„За мене е многу важно да го изберам капитенот. Вејн покажа одлично однесување во се што направи до сега” – вели Ван Гал.

„Импресиониран сум од неговата професионалност и неговото однесување на тренинзите. Тој е одлична инспирација за помладите членови на тимот и верувам дека ќе го вметне неговото срце и душа во капитенската улога”.

„Дарен Флечер ќе биде заменик капитен. Дарен е природен лидер и ќе биде капитен кога Вејн нема да игра. Тој е многу искусен фудбалер и многу популарен во соблекувалната, знам дека ќе работи добро со Вејн”.

Руни не го крие задоволството, вели дека за него е огромна чест што ќе биде капитен на Манчестер Јунајтед.

„Тоа е огромна чест за мене и за мојата фамилија, да бидам капитен на овој голем клуб. Со голема гордост ќе ја носам капитенската лента”.