Спорт

Ван Гал се поблиску до Олд Трафорд

Ван Гал се поблиску до Олд Трафорд

Се погласни и погласни се шпекулациите дека актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Холандија, Луи ван Гал, на стартот од летниот преоден рок и официјално ќе биде претставен како нов менаџер на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед.

Англиските медиуми се убедени дека раководните лица на Манчестер Јунајтед веќе оствариле контакт со агентот на трофејниот холандски стручњак и дека преговорите околу можната соработка се во финална фаза.

Поранешниот предводник на Ајакс, Барселона и Баерн Минхен треба да потпише 4-годишен договор со гигантот од “Олд Трафорд”, а таквиот договор му гарантира и годишна заработувачка од 6 мил. евра.

Многу важна улога во прегоорите треба да одигра и најголемата ѕвезда во дресот на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси кој важи за миленик на Луи ван Гал.