Ван Гал со јавна критика кон Мата, Ерера и Кагава

Иако неговиот тим забележа две победи во пријателските дуели против екипите на Лос Анџелес Галакси и Рома, новиот предводник на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал откри дека не е задоволен од играта и од ефектот на неговите фудбалери.
“Задоволен сум само од резулатот, но ако говориме за играта, таа беше далеку под нивото што јас го посакувам и го барам од моите фудбалери. Преку 50.000 луѓе дојдоа да не гледаат и сигурно моравме да играме многу подобро. Сите мои додавачи потфрлија денеска, топката не се движеше доволно добро, тоа беше очигледно. Мата, Ерера и Кагава се најдобрите додавачи во клубот, но денеска не играа на своето вообичаено ниво. Можеби беше поради надморската височина, но како и да е, следниот натпревар ќе мораме да го играме многу подобро“, изјави Ван Гал.