Ван Гал тргнува по дефанзивецот на Милан

Раководството на Манчестер Јунајтед има сериозна намера да го засили дефанзивниот дел од тимот, кој сезонава поради многубројните повреди, му создава големи маки на тренерот Луи Ван Гал.

Според англиските медиуми, започнати се преговори со италијанскиот гигант Милан, а трансфер желба на менаџерот на Јунајтед е Адил Рами, кој бележи одлични настапи за својот тим.

Ван Гал изразил желба да го види Рами во својот тим, а за таа цел спремен е да го жртвува Хавиер Ернандез – Чичарито, кој се поретко настапува во тимот на Реал Мадрид, каде во моментов е на позајмица.

van gal

По испраќањето на Торес во Атлетико Мадрид и се почестите гласини дека и Пацини е на излезна врата, Инзаги е во потрага по нови играчи во навалната линија, а покрај Митроглу од Олимпијакос и Мартинез од Порто, интересен за тренерот на “росонерите” е и Чичарито, па токму тука е и шансата на Ван Гал за евентуален трансфер на французинот Рами.

Сепак, тешко е за верување дека Милан ќе се откаже од својот најдобар дефанзивец сезонава, макар и по цена да ги загуби шансите за доведување на мексиканскиот напаѓач во своите редови.