Ван Хут незнае каде е музејот на ВМРО – Побарај го в петок, на аеродром, со билет за Брисел од 7.999 денари

Продолжува екстазата на Белгиецот Питер ван Хут, овој пат преку пресметка со ВМРО-ДПМНЕ. Откако завчера партијата му порача дека за неа тој сега е само обичен турист во Македонија и дека може да го посети и Музејот на ВМРО, Белгиецот возврати со тоа дека во неговиот туристички водич Музејот на ВМРО го нема. Проблемот е што со тоа стапнува на плускавецот на многумина Македонци за кои Музејот на ВМРО е поширок и многу позначаен поим од поимот ВМРО-ДПМНЕ.

Со тоа Ван Хут си ги затвори вратите не кај владејачката партија (односно партијата која така само ја нарекуваме), туку кај јавноста, освен оној дел во чија полза и чија тезга Ван Хут ја одработуваше сите овие месеци, па нормален човек на негово место веќе не би пиел кафе на јавно место, освен ако не е стоотстотно сигурен дека келнерот знае да се воздржува од ситни подлости.

Реално гледано, за ВМРО-ДПМНЕ, најдобро е ако Брисел инсистира Ван Хут да продолжи со своите обиди за она што тој го нарекува „мисија“, а што благодарение на парите што ги прима и неговата интелигенција успеа да го претвори во комедија. Во перцепцијата, која произлегува од преговорите, тоа на партијата и натаму и’ обезбедува статус на жртва и статус на херој при одбивање на неговите предлози. Сосема поинаку би било кога на негово место би бил човек со помалку фрустрации, а со повеќе знаење и чувство за ситуацијата во Македонија.

Во тој случај, веројатно, СДСМ би изгубил нешто од своите ОЗНА/УДБА-предлози, но и од ВМРО-ДПМНЕ во согласност со досегашната практика на однесување во овие настани, многу полесно би нашле простор за отстапки, иако кај преговорите за медиуми простор за какво било повлекување речиси и не постои.

Последниот вчерашен скандал со Ван Хут…