Ван Хут незнае каде е музејот на ВМРО – Побарај го в петок, на аеродром, со билет за Брисел од 7.999 денари

Последниот вчерашен скандал со Ван Хут доаѓа по неговата серија провокации со разни мачки, кои отпрвин служеа како забава на интернет за помладите, но потоа прераснаа во вистинска пресметка со јавноста. Во целиот тој период Белгиецот не се обиде да се врати во рамките на пристојноста откако ги даде познатите изјави за овдешниот менталитет, туку, напротив, постојано ја подгреваше атмосферата.

Тоа апсолутно им дава право на тие што сметаат дека негова цел не беше да ги олеснува преговорите, туку да дојде до ситуација во која, конечно, ќе се најде една точка од која ВМРО-ДМНЕ нема да може да отстапи, а со идеја да се пронајде барем еден изговор за одложување на изборите. Логиката беше дека не може ВМРО-ДПМНЕ толку да попушта колку што Белгиецот и оние што го испратиле можат да смислат невозможни услови.

По последната размена на пораки, Ван Хут, независно од желбите на Брисел тој и натаму да остане тука, ја зацврсти својата позиција на необјективен, ниско едуциран и не многу разумен преговарач, чија улога не може ништо добро да ~ донесе на државата благодарение на која ги добива оние дневници од бриселската бирократија.

Во таква ситуација, се чини, единствен излез е да го пронајде Музејот на ВМРО во првиот лет за Брисел и да отстапи простор за човек кој зад себе ќе има какво-такво педигре на разумност, иако нашите очекувања не треба да бидат премногу оптимистични имајќи ја предвид „целулит-ќелавата“ шема во Европската комисија која стои зад него. Сепак, сеедно што целта на странците очигледно е продолжување на агонијата во Македонија, а за тоа Ван Хут е едно од идеалните решенија, работата излезе целосно надвор од контрола, па најдобро е ако човекот си замине, со обврска ВМРО-ДПМНЕ на негова адреса во Белгија да му испрати некаква брошура од Музејот доколку таква постои.

Од аеродромот „Александар Велики“ велат дека првиот лет за Брисел е веќе в петок во 13.25 часот. Билетот чини 7.999 денари.

Дарко Јаневски за Дневник

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.