четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 10

„Ван Хул“ и „Технохозе“ планираат проширување во Македонија

Овие две компании веќе имаат изградено фабрики во земјава.

„Ван Хул“ и „Технохозе“ планираат проширување во Македонија

„Ван Хул“ и „Технохозе“ планираат проширување во Македонија

Поврзани вести

Производителот на автобуси „Ван Хул“ и италијанската компанија „Технохозе“, кои имаат изградено свои капацитети во Македонија планираат проширување, односно градба на нови објекти, што  значи и отворање нови работни места, најави денеска премиерот Никола Груевски.

По посетата на охридскиот регион и увидот на градежните работи на автопатот Кичево – Охрид одговарајќи на новинарски прашања, Груевски истакна дека има најави и за други нови инвестиции во земјава, но според барањата на инвеститорите не може да ги соопшти имињата,  објави МИА.

– Производителот на автобуси „Ван Хул“, некаде во првиот квартал од следната година веројатно ќе почне изградба на нов објект во кој ќе го прошират своето производство, што значи и ќе примат нови луѓе на работа и ќе се зголеми извозот.  Втората компанија која најави зголемување на капацитетите е „Технохозе“, која има изградено една фабрика, сега ја догради втората, не е пуштена официјално во производство, но веќе има пробно производство. Втората фабрика е четири пати поголема од првата. Тие ми најавија дека наскоро имаат план да почнат трета фабрика во Македонија. Тие две компании кои што веќе изградиле фабрики во Македонија, имаат производство, задоволни од условите за правење бизнис, ниските даноци, работната сила и бизнис климата што ја обезбеди Владата која што е веќе и меѓународно позиционирана со шестото место во Европа и 12. во светот, донеле одлука да градат нови фабрики, нови капацитети каде ќе се вработи дополнителен број луѓе кои во моментот немаат работа и бараат работа, истакна Груевски.

Тој информира дека во полн ек е градбата на фабриката на ОДВ „Електрик“ во ТИРЗ Охрид-Струга.

-Работите течат согласно планот, нема застој. Тие паралелно во постоечка хала како браунфилд веќе имаат одредено производство, а штом влезат во новата фабрика, која треба некаде до јуни да биде завршена, ќе го зголемат бројот на вработени и полека ќе дојдат до планираните илјада директни вработувања, изјави Груевски.

За компанијата „Костал“, со која Владата пред една недела склучи договор за градба на фабрика во ТИРЗ Охрид-Струга, каде треба да се вработат илјада лица најави дека закупила и простор во „ЕМО“ во кој од јануари ќе почнат да вработуваат луѓе и да ги праќаат на тренинг и да почне производство.

– Откако ќе ја завршат фабриката нема да го напуштат погонот во „ЕМО“, туку долгорочно ќе останат во него и ни кажаа дека планираат една значајна бројка од слободите работници во „ЕМО“ да ги поканат, да им дадат шанса да работат во нивната нова фабрика. Не можеме да прецизираме број колку, очекуваме дека тоа ќе бидат околу 50 до 60 вработени, но треба да ги видат, да ги видат нивните работни способности, квалификации, подготвеност за работа итн, истакна Груевски.

Приемерот информира дека пред 10-тина дена од „ЕМО“ се преземени 55 работници во МЕПСО.

– Оние што биле во оној дел за далекуводи МЕПСО ги презема бидејќи им требаат. Така што од 150-160 луѓе кои се во моментов без работа во „ЕМО“ 55 ги презема МЕПСО, очекуваме од прилика таква бројка да преземе и „Костал“ во текот на наредната година и за последната третина да речеме уште околу 50-60 работици се надеваме дека една компанија од една соседна држава која што покажа интерес и го реобнови интересот минатата недела откако слушна дека „Костал“ го зеде еден од објектите во „ЕМО“ се јави повторно, праша дали се уште има можност за нивно влегување во тој комплекс и потврдивме. Најавија повторно доаѓање тука, така што ни се вратија надежите дека можеби и за третиот дел ќе се најде инвеститор што ќе ги ангажира преостанатите 50-60 работници што сега во „ЕМО“ немаат работа. Се разбира сите овие ќе ангажираат и дополнителни работници, значи нема да бидат само работниците од „ЕМО“, туку сите тие планираат и дополнителен број вработени од Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани и целиот овој регион, подвлече Груевски.

Најчитани вести