Ван Хул работи со полна пареа, зголемено производството на моторни возила за 58%

Според податоците на Државниот завод за статистика производството на моторни возила во првите шест месеци од годинава е зголемено за 58%, благодарение пред се на производството на автобуси во фабриката на белгиски Ван Хул.

Производството на моторни возила во првото полугодие од 2016-та година има најголем раст, пишува Лидер.мк.

Ваквите бројки пред сѐ се должат на производството на автобуси во фабриката на белгиски Ван Хул, сместена во слободната зона Бунарџик.

Ван Хул кон средината на мај почна да ја гради својата втора фабрика во земјава. Најави дека во неа ќе се вработат 450 лица, а ќе се обезбедат и 100 индиректни вработувања.

Инвестицијата изнесува 17 милиони евра.