Ван Перси без срам си побара нов договор од Манчестер Ј.

Со изјавата дека сака да остане во редовите на Манчестер Јунајтед и по истекот на актуелниот договор кој има важност до 2016 година, холандскиот интернационалец Робин ван Перси стави крај на сите шпекулации дека ќе си замине од “Олд Трафорд” за време на летниот преоден рок.

„Единствената вистина е таа дека јас сум среќен на “Олд Трафорд”. Кога дојдов од редовите на Арсенал потпишав 4-годишен договор, но со задоволство би останал во Манчестер уште некоја сезона, би ја продолжил соработката со мојот актуелен клуб. Имам договор до 2016 година, но би останал и по истекот на тој договор. Така јас се чувствувам, но знам дека медиумите пишуваат нешто друго и пренесуваат неточни информации. Имам одлична соработка со моите тимски колеги, имам одличен однос со менаџерот и со неговите помошници. Секој ден учам по нешто ново, а за тоа, најзаслужен е нашиот менаџер, Дејвид Мојс. Јас не се лутам кога медиумите ја критикуваат мојата игра, кога ги критикуваат моите стартови, но не сакам кога пишуваат дека имам недоразбирање со менаџерот, дека имам лош однос со Мојс”, изјави искусниот напаѓач.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.