Ван Перси е последното име кое се поврзува со Барса

Ван Перси е незадоволен во Фенербахче - се сели во Барселона ?!

Арда Туран и Алеиш Видал ќе бидат огромно засилување за средниот ред, но со повредата на Меси се отвори прашањето околу опциите кои тренерот Луис Енрике ги има во нападот.

Иако Нејмар, Суарез и Меси се недопирливи, сепак при евентуална повреда, како и неизбежната ротација на Барса и е потребна “свежа крв” во нападот.

Токму поради оваа причина, медиумите во Шпанија започнаа со гласините дека холандскиот интернационалец од редовите на Фенербахче, Робин Ван Перси ќе биде новото име во нападот на “каталонците”.

Ван Перси во Фенер пристигна како огромно засилување, но на почетокот од сезоната најчесто ја грее клупата на турскиот гигант, што секако за играч од негов калибар е трагично.

Во целата оваа ситуација се вклопува и фактот што Холанѓанецот на “Камп Ноу” ќе пристигне за минимална цена, што е добредојдено за Барселона која нема премногу пари за трошење.

Фенербахче
летово плати 3,5 милиони евра за неговите услуги, па се очекува да не бара повеќе од пет милиони евра за Ван Перси, сума што и одговара на Барселона за да доведе нов голгетер со светско реноме.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.