Ван Перси: Холандија е без право на грешка

Капитенот на Холандија, Робин ван Перси, ја подгреа атмосферата пред утрешниот 1/8 финален дуел против селекцијата на Мексико со изјавата дека неговиот тим нема право на грешка , неговите фудбалери мора да бидат сконцентрирани и свесни тешките временски услови повеќе им одговараат на противничките фудбалери.

“Дојдовме до нокаут фазата. Тие играа многу добро, остаа непоразени во групата, дури ни Брзил не им даде гол. Сето тоа доволно говори за нивниот квалитет. Исто така ќе се игра во услови на кои тие се навикнати, мора да бидеме сконцентрирани и подготвени на се”, изјави Ван Перси.

Дуелот помеѓу Холандија и Мексико ќе се одигра во Форталезе со почеток во 18:00 часот, а за фудбалските стручњаци и спортските оболжувалници, популарните “лалиња” важат за фаворит во овој 1/8 финален дуел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.