Ван Перси ќе биде новиот капитен на Јунајтед

Иако се уште не е именуван за нов менаџер на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, актуелниот селектор на Холандија, Луи ван Гал, откри дека во новата клупска сезона, најголемата ѕвезда на „Олд Трафорд”, Робин ван Перси ќе ја имаа таа чест да биде капитен на „црвените ѓаволи”.

„Робин игра одлично во последниот период. Се врати после една многу незгодна повреда и постигна фантастичен погодок и во дресот на Манчестер и во репрезентативниот на Холандија. Задоволен сум од неговата игра, од пресингот на противничката половина. Исто така, Робин е одличен капитен. Секогаш, кога станува збор за капитенската лента, јас го избирам тој фудбалер со кој имаме слична филозофија околу фудбалската игра и околу приватниот живот. За мене, Робин е многу важен фудбалер. Убеден сум дека Ван Перси и Ван Гал имаат идентична филозофија”, изјави искусниот холандски стручњак.