Спорт

Ван Перси повреден, не игра против Костарика

Ван Перси повреден, не игра против Костарика

Капитенот на фудбалската репрезентација на Холандија, Робин ван Перси не го издржа последниот тренинг и неговиот настап во 1/4 финалната пресметка против селекцијата на Костарика е под знак прашалник.

Холандските медиуми ја потврдија непријатна вест дека бомбардерот на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси, го напушти вчерашниот тренинг на својата екипа со преврзан бутен мускул на левата нога.
И покрај лошата вест, од холандскиот табор се надеваат дека капитенот на време ќе се рехабилитира од последната повреда и дека ќе биде во комбинација за саботниот четвртфинален дуел против селекцијата на Костарика.