Ванчо Попов ја направи најдобрата „фотка за дрес“

Со 597 лајкови, фотографијата на Ванчо Попов победи во наградната игра: „Фотка за дрес“, што изминатиот период ја организираше Општина Аеродром на фан страницата на градоначалникот Ивица Коневски.

Fotka za dres 12.4.2014 (9)

Дресот потпишан од капитенот на „МЗТ Скопје – Аеродром“, Тодор Гечевски му беше доделен на победникот на онлајн играта на крајот од натпреварот со „Кожув“, на кој екипата на „МЗТ Скопје – Аеродром“ извојува победа со резултат од 97 : 90.

Инаку, во битката за најдобра фотка за дрес учествуваа 18 најуспешни и најкреативни од пристигнатите 30-тина фотографии со мотиви од акциите на сино-белите кошаркари, необични ситуации, фотографии од фанови, навивачи и слично.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.