Вандали го уништија импровизираниот меморијален центар на Немцов

Вандали го уништија импровизираниот меморијален центар на рускиот опозициски лидер Борис Немцов на мостот каде беше убиен пред еден месец, јавува радио станицата „Ехото на Москва“, пренесува Танјуг.

Симпатизерите на Немцов редовно носеа цвеќе и свеќи на мостот во близина на Кремљ, каде на 27-ми февруари е убиен 55-годишниот поранешен заменик премиер и истакнат критичар на претседателот Владимир Путин.

Околу 10 мажи во црна облека утринава ги ставиле цвеќето, фотографиите и свеќите во ќеси и ги однеле.

Притоа полицијата воопшто не интервенирала.

Во текот на денот симпатизерите на Немцов повторно донеле цвеќе, фотографии и руски знамиња.

Инаку ова е втор напад врз импровизираниот меморијален центар.

Активистите од малку познатата националистичка група минатата недела го пречкртале знакот „Немцов мост“ поставен од симпатизерите на опозиционерот и оставиле порака во која го критикуваат поради поддршката за „прозападната побуда во Украина“. Тие по ова ги објавиле фотографиите од нивните активности на Фејсбук.

фото: BBC