Вандали му ја запалиле влезната врата

Скопјанец доживеал вистински хорор кога засега непознат сторител му ја запалил влезната врата од куќата лоцирана на улицата Бутелска.

Се работи за 55-годишен скопјанец кој според податоците на полицијата, се шокирал кога забележал како гори влезната врата од куќата, која претходно непознатиот сторител ја полил со запалива течност.

Полицијата го истражува случајот и работи на откривање на сторителот. За среќа, повредени лица нема, а причинета е само материјална штета.