Вандализирањето споменици наидува на најостра осуда во САД

Вандализмот врз спомен- обележјата во САД, налик на она што СДСМ и СОРОС изминатиов период го спроведуваат во Македонија наидува на најостра осуда од тамошната јавност, пишува „Курир“.

Полициското спомен обележје во Ричмонд, Вирџинија, беше вандализирано со црвена боја на комеморацијата на загинатите полицајци, објави CNN. Како што велат тамошните власти, лицето на статуата било обоено со црвена боја, а на градите бил ставен црвен Х.

-Ова е кукавички чин. Некој дошол и го сквернавел споменот на 28 полицајци, вели шефот на полицијата Алфред Данам.

Бронзениот споменик висок 2,4 метри неодамна беше преместен во Бирд парк, каде што се правеше и реконструкција. Споменикот претставува полицаец од Ричмонд, кој во рацете држи дете со мече-играчка.   Покрај статуата, се наоѓа и спомен плоча со имињата на 28 полицајци од Ричмонд кои загинале на должност од 1863 до 2003 година.

-Добивме анонимен повик, закана, во саботата. А потоа се случува ваков вандализам. Многу прашања ни поминуваат низ глава, вели Данам. Споменикот беше исчистен и наскоро се очекува целосно да биде реновиран.

oboeni-spomenici

Сквернавењето и вандализирањето на спомен- обележја беше во фокусот на насилните протести на опозицијата предводена од СДСМ во изминатиот период.

Во хулиганството, нападот на полицијата, кршењето на прозорците и уништувањето на спомениците и разните државни и приватни објекти, крадење, палење и уништување на инвентарот во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија, сквернавењето на Порта Македонија, фрлањето боја и прашок за перење во фонтаната на Александар Македонски, „бомбардирање“ со боја на зградите на Министерството за култура, Владата на Република Македонија, Агенцијата за медиуми и др, на протестите организирани од невладините на Сорос и СДСМ, учествуваа високи фукционери и членови на СДСМ.

saren-4

Screenshot_153

saren-3

asnom-spomenik

unisten-spomenik-asnom

saren-1

Меѓу другото, вандалите удрија и по релјефите на кои има мотиви од ајдутството и комитството. Уништени беа  релјефите на Сирма Војвода, Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп-Георгиев Беровски со четите, заклетвата на ВМРО, Питу Гули со четата, Васил Чакаларов, Пандо Кљашев со соборците, Партенија Зографски и Григор Прличев.

Особено на удар беше Порта Македонија, која не е било какво спомен обележје, туку сублимат на македонската историја на едно место: антички обележја на македонската култура, македонски дејци и борци, егзодусот на Егејците, заседанието на АСНОМ, 8-ми септември.

porta2

ilirida-skvernavenje-640x480

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.