Ване Цветанов ослободен за шпионажа

На денешните завршни зборови за случајот „Шипон“, обвинитеството направи неколку измени во кривичните дела на обвинетите. Едно од нив се однесува на поранешниот директор на Управата за перење на пари, Ване Цветанов, според кое тој е ослободен од обвинението за шпионажа, а ќе одговара за делата злосторничко здружување и злоупотреба на државна и воена тајна.

Обвинителството, откако ги презентираше наодите од претходните рочишта, побара од Судот, да ги прогласи сите обвинети за виновни и да им изрече затворска казна според законите.

Еленко Миланов, адвокатот на главниот осомничен, Марјан Ефремов, вели дека најголема забелешка до обвинителката било тоа што обвинетите немале можност да ја слушнат анализата од доказите.

„Моја најголема забелешка е тоа што обвинетите немаа можност да ја слушнат анализата од докази, која како што кажа обвинителката е на 157 страни. Во неа се утврдени фактите, и обвинетите преку неа ќе можат да се запознаат за докаите кои се однесуваат на нив. Доколку оваа анализа на „усб“ или на маил им биде пратена да ја разгледаат, тогаш тоа би било коректно“, вели адвокатот Ефремов.

asfmlasfmasflmasfmasflasfsfasfaasfasfasfsfasf

Според обвинителството, Марјан Ефремов е „мозокот“ на мрежата што шпионирала за странски разузнавачки служби, а истовремено се занимавала со уценување, измами и изнуди. Ефремов бил вработен во Агенцијата за разузнавање, но во 2009 година, откако добил отказ ,според обвинението, формирал злосторничка група во која влегле поранешни или сегашни вработени во УБК, Јавна безбедност, Агенцијата за разузнавање, воената полиција, Државниот архив и сопственици на медиуми.

Освен Ефремов,на обвинителната клупа седнаа 18-мина. Надвор од овој судски процес останаа сопственикот на интернет порталот „Буре весник“ Зоран Божиновски, кој е во екстрадиционен притвор во Србија, како и Борис Перков од Велес, кој беше во екстрадиционен притвор во Чешка. ЈО за нив ја прекина истрагата, но не се откажа од прогонот.

Србија сè уште не ѝ одговорила на Македонија по барањето за екстардиција на Божиновски, а Перков пред неколку месеци беше екстрадиран од Чешка, но само за делото злосторничко здружување, па дополнително се чека дали Чешка ќе одобри на Перков да му се суди и за шпионажа.

Инаку, судскиот процес „Шпион“ е за првата шпионска афера во земјава. Завршните зборови на обраната ќе се одржат на 8-ми, 14-ти и 15-ти овој месец.

hapsenje-foto-dejan-bozicf

Колкава е казната затвор за шпионажа според македонскиот кривичен законик?

Делото шпионажа според македонскиот кривичен законик е опишано во членот 316. Според него, за најтешки дела, ако се докажат следува доживотна казна затвор.
Според став 1 тој што државната тајна ќе ја соопшти, предаде или ќе ја стори достапна на странска држава, организација или на лице кое им служи, ќе се казни со затвор најмалку четири години.
Според став 2 тој што за странска држава или организација ќе создаде разузнавачка служба во Република Македонија или ќе раководи со неа, ќе се казни со затвор најмалку пет години.
Според став 3 тој што ќе стапи во странска разузнавачка служба, ќе прибира за неа податоци или на друг начин ќе ја помага нејзината работа, ќе се казни со затвор од една до десет години.
Според став 4 тој што прибавува тајни податоци или документи со намера да ги соопшти или предаде на странска држава, организација или на лице кое им служи, ќе се казни со затвор од една до десет години.
Според став 5 ако делото од ставовитс 1 и 4 е сторено за време на војна или непосредна воена опасност или предизвикало тешки последици за безбедноста, економската или воената моќ на Република Македонија, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.
Според став 6 како државна тајна се сметаат податоците или документите што со закон или со друг пропис или со одлука на надлежниот орган донесени врз основа на закон, се прогласени за државна тајна и чие откривање имало или можело да има штетни последици за политичките, економските или воените интереси на Република Македонија.