сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 3

Ванхауте разговараше со новинари и уредници за медиумски реформи

По оваа средба, во Клубот на пратениците се сретнаа претставниците на четирите политички партии дел од Работните групи да разговараат токму за медиумите. Тие присуствуваа и на средбата на Ванхауте со новинарите и уредниците и изворно од нив ги чуја забелешките и предлозите за реформи.

ванхауте

Поврзани вести

Белгискиот експерт Питер Ванхауте денеска одржа консулативна средба со претствници на медиумите во Македонија. Своите ставови за реформските приоритети што ги предложи посредникот во разговорите меѓу политичките партии искажаа уредници, новинари, претставници на еснафските здруженија…

По оваа средба, во Клубот на пратениците се сретнаа претставниците на четирите политички партии дел од Работните групи да разговараат токму за медиумите. Тие присуствуваа и на средбата на Ванхауте со новинарите и уредниците и изворно од нив ги чуја забелешките и предлозите за реформи.

Ванхауте од уредниците, новинарите, сопствениците, претставниците на синдикатот и НВО слушна кои се реформите што најитно треба да се направат се со цел подобрување на медиумската слика, особено пред изборите.

За претставникот на меѓународната заедница ова беше корисна средба, а дискусијата ќе придонесе за конечните решенија. Приоритети, според него, се: намалување на насилството врз новинарите, подобрување на пристапот до информации, да се намали клевета врз новинарите, да нема политички рекламирање, промени во Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми и во јавниот сервис, да нема владини реклами во медиумите.

Новинарите изнесоа ставови дека не смее да се дозволи разговорите помеѓу партиските претставници да се сведат само на кадровски пазарења, дека фазно треба да се решаваат одредени прашања, дека треба да се смени начинот на избор на членовите на медиумскиот регулатор и на програмскиот Совет на МРТ… Исто така дел од присутните сметаа дека финансиската независност на јавниот сервис нема да обезбеди независност на МРТ. Новинарската фела, сметаат дел од новинарите, треба да се сврти и кон себе и да обезбеди саморегулација со почитување на новинарските стандарди и етика.

Проф. Снежана Димеска од МИМ по средбата оцени дека е добро што целата медиумска заедница е поканета на овој прв состанок.

– Главната порака до политичките субјекти кои продолжија со разговорите е медиумската заедница да биде вклучена во цел процес, партиите да не ги договараат решенијата без вклученост на медиумската заедница, второ дека мора да направиме интерветни измени во законот, детектиравме неколку точки кои ќе овозможат барем малку да се ослободи медиумската сфера сега во предизборието, а еопфатните покрупните прашања кои сега овде беа дискутирани ќе се разговара после изборите. Кои се тие барања? Најпрво со закон да се забрани државното огласување, да се забрани политичкото рекламрирање бидејќи политичките партии не се рамноправни во однос на можноста да се рекламираат особено на аудио визуелните медиуми, трето да се департизира Агенцијата за медиуми и јавниот сервис и да се направат уште неколку интерветни измени, рече Димеска.

Најчитани вести