Ванхауте: Сеуште нема договор за медиумите

Работните групи од политичките партии ги прекинаа разговорите за медиумите и неизвесно е дали вечерва истите ќе продолжат.

Белгискиот посредник Питер Ванхауте изјави дека ситуацијата во моментот е блокирана и оти засега нема договор.

Очигледно нема договор. Ситуацијата во моментов е целосно блокирана. Сега спроведуваме билатерални консултации со партиите. Очекуваме дека можеби околу 20 часот повторно ќе одржиме заеднички состанок, но тоа не е сигурно и потоа ќе видиме што ќе се случува. Очигледно има различни ставови за повеќе прашања, а главните проблеми се околу составот на Советот на Агенцијата за медиуми и програмскиот совет на МРТВ, истакна Ванхауте, пренесува МИА.