среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 25

Ванхауте си заминува – Дали СДСМ се согласува со неговиот став дека Македонија е сопственост на Грција?

Белгискиот посредник Питер Ванхауте си заминува денеска од Македонија, објави Денешен.мк.

vanhaute1

Поврзани вести

Белгискиот посредник Питер Ванхауте си заминува денеска од Македонија, објави Денешен.мк.

Белгискиот посредник знае и самиот дека е непожелен и дека неговата употребна вредност како медијатор е нула, бидејќи во целиот изминат период ги бранеше само ставовите на СДСМ и СОРОС, пишува порталот.

Порталот нагласува дека за тоа каква иднина и кроеше Ванхауте на Македонија и што посакува за нас Македонците, може да се види и од неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук, каде меѓу бројните „импресии“ за Македонија, со фотографии на руини од Скопје со саркастични содржини, доволно е да се прочита неговиот коментар ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА, ВЕЌЕ  Е РЕАЛНОСТ ВО ГРУЗИЈА, кон фотографијата сликана во Грузија: Табла со грчкото знаме, на која на грузиски и на англиски јазик пишува „СОПСТВЕНОСТ НА ГРЦИЈА“.

vanhaute-slika

Оттука, во јавноста се наметнува прашањето дали и СДСМ и СОРОС исто така се согласуваат и со овој став на Ванхауте дека иднината на Македонија веќе е реалност во Грузија, каде што стои знак сопственост на Грција?

Како што пишува Денешен, Мегафоните на СОРОС и СДСМ изминатиов период ликуваа на секој провокативен пост на Ванхауте. Со нивното некоментирање на овој скандалозен пост против Република Македонија, премолчено го одобруваат неговиот став дека Република Македонија е сопственост на Грција, пишува Денешен.

Најчитани вести