Ванхол: Нови вработувања и дополнителна инвестиција од 10 милиони евра

Нови 100 вработувања и дополнителни 10 милиони евра во фабриката за автобуси Ванхол во Македонија, најави нејзиниот сопственик Филип Ваххол.Тие планираат отворање на нови капацитети и нови вработувања. Заинтересираноста на Владата за нови инвестиции како и на македонското население , дополнето со традицијата за производство на автобуси се клучните фактори зошто се одлучиле да инвестираат токму во Македонија.

Отворањето на третата производствена линија во фабрката за автобуси Ванхол во јануари во Македонија значеше инвестиција од дополнителни 10 милиони евра и отворање на нови работни места во нашата држвата. Сопственикот на фабриката Филип Ванхол и еден од најголемите странски инвестирори во Македонија, во ексклузивното интервју за Македонската телевизија говореше за идните планови на нивната инвестиција.

„Говориме за околу 30 до 35 милиони евра, толку ќе чини целосната инвестиција според нашите моментални планови. Во јануари започнавме со вработување на уште 100 работници, и досега имаме вкупно 400 вработени, а нашата крајна цел е дојдеме до бројка од 600 до 700 варботувања. Планираме да започнеме и со изградба на четвртата производствена линија,“ изјави Ванхол.

Крајната цел е фабриката Ванхол во Македонија да произведува до 700 автобуси годишно, но за оваа бројка може да се говори дури следната година. Во моментов во Белгија инжинерите и дизајнерите работат на идниот дизајн на овие возила, иако според Ванхол, за разлика од белгиската фабрика , во Mакедонија се работи на стандардни модели. Тој истакна дека во Белгија произведуваат за американскиот и заподноевропскиот пазар и во моментов имаат околу 120 до 130 модели. Во Македонија освен за американскиот и западно-европскиот пазар, автобусите ќе бидат наменети и за срдноисточниот и израелскиот пазар.

До крајот на годината се очекува да бидат произведени 250 автобуси. Отвореноста на Владата за директни контакти, пристапноста до министрите и екпресно брзото решавање на проблемите, квалификуваните работници, техничките училишта и ниските даноци се причините зошто овој инвеститор се одлучил да инвестира во Македонија. Според Ванхол бизнис климата во нашата држава е на високо ниво со тендеција за постојано напредување.