Ванила Ајс уапсен за кражба

Ванила Ајс, чии денови на слава одамна поминаа e уапсен на Флорида, каде е обвинет за провална кражба од напуштена куќа.

Локалната полиција соопшти дека ѕвездата од 90-те, кој сега води сопствено шоу за реновирање на домови „The Vanila Ice Project“ го реновирал домот во близина на оној кој го ограбил. Полицијата соопшти дека кај него биле пронајдени украдени предмети, објави денеска хрватски „Индекс“.

Ванила Ајс (47), чие вистинско име е Роберт Ван Винкл, по кражбата е одведен во притвор и подоцна пуштен со кауција од 6.000 долари. При излегувањето од затвор пред новинарите изјавил дека сето ова било едно големо, предимензионирано недимензионирање.