Вања Лазарева доби национална пензија

Mакедонската музичка легенда, Вања Лазарова Димитрова, писателот Раде Силјан, културниот работник Миле Бошески, како и реномираниот диригент Рамадан Шукри, се новите добитници на национални пензии. Почнувајќи од 2012 година, кога за првпат се воведоа наионалните пензии, досега со оваа награда се почестени 57 истакнати дејци од областа на македонската култура.

Услов за добивање на национална пензија е уметникот или стручниот работник од областа на заштитата на културното наследство да биде добитник на една од државните награди „11 Октомври“, „Св. Климент Охридски“ и „23 Октомври“.

Добитниците на националната пензија ќе добиваат месечен надомест од Министерството за култура во висина на разликата меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во Македонија, која што е 35.000 денари.

Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, при доделување на новите четири решенија, изрази благодарност до наградените за нивниот истакнат придонес во областа на културата и почит кон нивните досегашни достигнувања.

„Овие решенија, пред се’ значат многу од морален аспект, а се разбира од финансиски“, истакна Милевска, и додаде дека целта на доделување на националната пензија е да се валолизира трудот на уметниците кои дале врвен придонес во градењето и унапредувањето на културата и уметноста во нашата земја.

van

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.