Вања Лазарова меѓу добитниците на наградата „11 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда ги одбра овогодинешните добитници.

За животно дело во областа на науката и образованието наградата им се доделува на професор доктор Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог, и на професор доктор Зоран Тодоровски, историчар.

За животно дело во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на Рамадан Шукри, музичар, педагог и диригент, Вања Лазарова – Димитрова, народен уметник, и на академик Катица Ќулавкова, писателка.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 11 Октомври 2014 година во 12 часот во Собранието на Република Македонија.