Ванковска: Од каде Јанева црпи легитимитет ако не ги признава институциите?

По скандалозната изјава на специјалната обвинителка, Катица Јанева, според која сите институции во земјава се нерлегитимни, освен Специјалното Јавно обвинителство реагираше универзитетската професорка, Билјана Ванковска.

Таа заклучува/прашува дали Катица Јанева исто како и претседателот на СДСМ, Зоран Заев не ја признаваат државата.

-Дали ми се чини или Катица Јанева индиректно порача дека не ги признава ни собранието, ниту другите институции затоа што биле нелегитимни? Процедурално прашање: од каде таа црпи легитимитет?  Дури сега ја чув целата изјава на Јанева! Ако Заев не признава суд, оваа не признава ни претставничко тело на граѓаните, ни држава!, напиша Ванковска.

vankovska-2

 

 

vankovska-1

Со скандалозните изјави Заев и Јанева се потврдува деструктивно сценарио за да ја задржат кризата која ја наметнаа.

Тие не ја признаваат целата македонска држава зошто не ги признаваат институциите во неа кои се градени со децении.