Ванковска: Џафери кој утре сака да биде претседател на Собрание, не сака да го викаат македонски Албанец

Талат Џафери кој утре сака да биде претседател на Собрание, втор човек според тежината на легитимитетот во државата, не сака да го викаат македонски Албанец. Демек, навреда е епитетот македонски, кој произлегува од името на твојата држава чиј што граѓанин си и чиј пасош носиш, пишува на својот ФБ профи, универзитетската професорка Билјана Ванковска.

Ете, како политичарите ги смируваат страстите во вакво време. Талат Џафери кој утре сака да биде претседател на Собрание, втор човек според тежината на легитимитетот во државата, не сака да викаат македонски Албанец. Демек, навреда е епитетот македонски, кој произлегува од името на твојата држава чиј што граѓанин си и чиј пасош носиш! Вие уште сонувајте за братство единство создадено врз Платформа и во „реформска“ влада. Ах, жална Македонија, пишува Ванковска.

vankovska