Ванковска: „Го слушаш Пендаровски и ти доаѓа да се убиеш“

„Порака до Героски да ги остави професорКите на мира – тие не прават манџи, тие дигнаа на нозе стотици колеги. Туку, оној неговион со пурата што изиграва Че Гевара влезе кукавички, на мала врата. Да ти се плукнам во професорот кој шири „шарена лажа“ и нема храброст да се појави со име и презиме. Бреј кодош – сега кодоши колеги и студенти!“, напиша професорката Билјана Ванковска на својот профил на „Фејсбук“ револтирана од колумната на нејзиниот колега Љубомир Фрчковски, како и за „анонимната“ изјава на професор во која тој вели дека дел од Професорскиот пленум сака да соработува во власта.

„Ова е артилеријата (за среќа со ќорци) на една добро позната групација. Треба да им се скинат главите на професорКите, за да имаат слободен пристап. Но, се зезнале, бидејќи ниту во Професорскиот пленум врие, ниту се дели. Ќе бидат отстранети штеточините и политикантите, и тоа на убав начин“, коментира таа подoлу на истиот статус.

Screenshot_10

Очигледно во Професорскиот пленум не е сѐ така мирно и тивко како што опозициските професори сакаат да го претстават во јавноста. Работите не се онакви како што професорката Билјана Ванковска сака и како што вели таа поради тоа им најави војна на штеточините.

Ванковска, Фрчковски го нарече кодош и кукацица, а само пред неколку дена, пак, ѝ дојде да се убие поради Стево Пендаровски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.