Ванковска и Слијановска на удар од Соросовите медиуми

Професорките Гордана Силјановска и Билјана Ванковска се најдоа на удар на медиумите на СОРОС, откако на очиглед на целата јавност се распрсна како меур од сапуница фингирањето околу постоењето на Професорски и Студентски пленум и одбивањето да се појават на јавна дебата и да ги соочат аргументите околу реформите во високото образование, објавува Курир.

Иако позади двете професорки стоеја десетина професори и исто толку преставници на Студентскиот пленум, со цел да се “исперат“ поради тешкиот скандал СОРОС и опозициските медиуми ги нападнаа двете професорки.

Лени Фрчкоска, која е ќерка на професорот Љубомир Фрчкоски и еден од уредниците на сајтот Либертас на Ацо Кабранов, напиша дека било јадно што професорката Ванковска изјавила дека професорите не се против премиерот Груевски.

-Тажната слика на професорката Ванковска, некако самопромовирана во водач на Професорскиот Пленум, според мене, е одговорност на сите членови на пленумот кои не успеале да ја сопрат да је наметне својата „слаткоречива ништост“. Се надевав не на суета и себепромоција, туку на борба. Таква на која нејзините опортунизам и кусогледост не и се дораснати. Можеби би било паметно да се менуваат или ротираат лидерите на Пленумот . Срам ми беше додека гледав како, по појавата на премиерот, се смали на скалите пред хотелот. „Не сме против Вас“ Јадно, напиша Фрчкоска.

Со ова на површина излегува дека не се работи за образованието, туку зад таканаречениот револт се крие СДСМ и парите на Соросовата фондација во земјава. После вчерашниот дебакл на Пленумот јасно се гледа вистинската намера на опозицијата да подбуцнува и стимулира општо незадоволство, како и тоа дека најмалку важни за опозицијата и СОРОСсе законите за високото образование, а многу повеќе креирање на политичка криза.

„Радио Слободна Европа“ излезе со наслов „Професорска наива наспроти политичка итрина“, напаѓајќи ги професорките дека истрчале со наивни заклучоци пред премиерот.

Сето ова покажува дека со ваквите постапки како да се заборави дека зад Ванковска и Силјановска стоеја целиот Професорски пленум заедно со преставници на Студентскиот пленум, кои заеднички се сложија со Ванковска да се префрли дебатата во Собрание и никој во тие моменти не се произнесе против.

Во основа, ваквиот развој на настаните не е пораз на Ванковска и Силјановска, како што сакаат медиумите на СОРОС тоа да го престават, туку пораз на таканеречените пленуми Професорски и Студентски, но воедно и пораз на задните намери на СДСМ и СОРОС кој по дебаклот станаа видливи и демаскирани. Познавачите коментираат дека тоа е нивниот принцип, секој ќе биде отфрлен откако ќе биде искористен.