Македонија

Ванковска: Јанева не е вработена кај парламентот, туку е именувана од него и одговара пред него

Ванковска: Јанева не е вработена кај парламентот, туку е именувана од него и одговара пред него
Откако специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, вчера избега од прашањата на пратениците тврдејќи дека и е вршен мобинг, со коментар се јави универзитетската професорка Билјана Ванковска.

-Дали ќе биде мобинг ако против носител на јавна функција се покрене интерпелација или прашање за недоверба на премиер, ако притоа пратениците тргнат со жестоки критики и напади? Мобинг во односи на јавни институции? Тоа чудо го нема нигде на свет! Јанева не е вработена кај парламентот, туку е именувана од него и одговара пред него.  П.С. Значи и Чом ми ѕирка во ФБ профил, а и ме цитира во емисии, пишува Ванковска.

vankovska-mobing