Ванковска: Костовски е национална брука!

Изјавата на бизнисменот Трифун Костовски за Македонците кои потекнуваат од Егејска Македонија, дека тие не требало да ја бранат Македонија, бидејќи го довеле на работ на соживот со Албанците (алудирајќи на дел од иницијаторите на граѓанското движење „За заедничка Македонија“), деновиве во јавноста наиде на остри осуди.

Унверзитетската професорка, Билјана Ванковска, на својот ФБ профил напиша: „Да ги делиш македонските државјани по местото на потекло (по дедовци и прадедовци) е дискриминација за која немам зборови, еднакво лоша како да делиш крвни зрнца и определуваш ДНК на другите националните групи во земјата, која е наша заедничка!“

Срамота! Каква национална брука е овој човек! Небаре Егејците доброволно се населиле во Република Македонија за да му го нарушат соживотот на овој „кутар“ милионер! Да, Македонците во соседните земји водат тешки битки за своите малцински права во државите чии граѓани се – и за тоа секоја им чест!

Но, да ги делиш македонските државјани по местото на потекло (по дедовци и прадедовци) е дискриминација за која немам зборови, еднакво лоша како да делиш крвни зрнца и определуваш ДНК на другите националните групи во земјата, која е наша заедничка! (Доцна реагирам, бидејќи дури сега го видов. Не можам веќе да следам секоја будалетинка што кажува во ТВ дебати!), пишува Ванковска.

12