Македонија

Ванковска: Од кого се плаши владејачката коалиција што гласа против јавна дебата за Законот за јазици

Ванковска: Од кого се плаши владејачката коалиција што гласа против јавна дебата за Законот за јазици

Не само живот, туку и демократија дојде! Владејачката коалиција гласа против ЈАВНА дебата за Законот за јазици! Од кого се плашат!?, преку ФБ статус ова го прашува универзитетската професорка Билјана Ванковска.

Натаму пишува : Од аргументи, од сопственото свесно кршење на Уставот, од гласот на граѓаните? МИВКИ! Кукавици! И онака ќе си ја истераа својата агенда, ама вака мислат дека ќе не’ замолчат, напиша на својот фејсбук рофил Ванковска.

Пратениците од владејачкото мнозинство не дадоа поддршка во вторникот и гласаа против организирање на јавна расправа за Законот за јазиците којашто беше предлог одлука од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара од колегите пратениците на СДСМ да биде организирана јавна расправа, бидејќи таа беше ветувана од страна на владејачкото мнозинство во првото собраниско читање по предлог-законот, а секако и поради чувствителност и важноста на Законот за јазиците коишто предизвикува голем број на реакции кај македонската јавност.