Ванковска со сопствени гледишта за вчерашниот дебакл

Откако доживеа вистинско фијаско како претставник на Професорскиот пленум вчера и јавно си го погази пред камери дадениот збор, професорката Билјана Ванковска неуспешно се обиде да се извади за дебаклот, бидејќи истиот беше на очиглед на целокупната јавност.

Од она што Ванковска го напиша како сублимат на вчерашните случувања може да се заклучи дека ставот на професорката е дека свесно ја лажела јавноста и дека наводно цело време знаела дека Професорскиот пленум немало да оди на дебатата во Собрание.

-Во ниту еден миг, во мојата глава немаше двоумење дека нема да не види уседнати на журка во куќа чиј домаќин тој не е! Сепак, следуваше куса консултација со присутните колеги што да се прави. Набргу тргнавме кон Собранието, подготвени за вториот медиумски настан, пишува Ванковска, целосно занемарувајќи го фактот дека таа одговори потврдно на прашањето дали сакаат дебатата да се одржи во Собрание.

Ванковска во разговорт со Груевски најпрво побара од премиерот да направи апел до Собранието, потенцирајќи дека тие (професорите) се спремни да влезат да разговараат суштински. На прашањето од Груевски дали сакаат во Собрание да одат на дебата, Ванковска одговори апсолутно. После ова, станува јасно дека Ванковска свесно ја лажела јавноста.

Професорката во обидот да се извади пред јавноста за срамното погазување на зборот, додава и дека било факт што во текот на вчерашниот ден постапиле согласно договорот, односно ставот дека не прифаќаат никаква дебата, иако лично таа јавно прифати дебата во името на професорите, кои подоцна збунети избегаа од истата.