Ванковска: Состанување на Собранието кое е распуштено е спротивно на Уставот

Професорката Билјана Ванковска која е силен поддржувач на СДСМ, барањето на партијата го оценува како противуставно.

Имено, оцијалдемократскиот сојуз  побaра да биде свикано Собранието кое веќе е распуштено, а Ванковска објаснува дека тоа не смее да се случи.

– Барањето, Собранието кое се самораспушти, повторно да се состане е спротивно и на словото и на духот на уставот. Ме потсетува на една ситуација кога просветен инспектор ни наложи нам, на членовите на Комисијата за оценка кои потпишавме негативна рецензија за докторска теза да си ја повлечеме од архива, напиша професорката.

biljana-vankovska-sobranie