Ванковска: Свесен ли е Заев дека СДСМ ги изгуби изборите поради ваквите пазарења со Македонија?

ванковска

Ова, меѓу другото, го напиша универзитетската професорка Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил.

Со години не’ убедуваа дека Заев е поинаков партиски лидер, а дека граѓанското движење успеало да ја демократизира партијата однатре. Сега со денови преговараат за суштински прашања, и сета ситуација има дежа ву ефект на она што го правеа зад затворени врати цели 40 дена во 2004 година. Истакнати пратиски членови велат дека нема внатрепартиски консултации и дебати, туку за пазарењето договараат само врхушките. Сега, се прашувам, каде се „Граѓаните за Македонија“, „Протестирам“, Шарените итн.? За ова ли се бореа? И тоа во ситуација кога сите се свесни дека кој и да направи влада, таа ќе биде мртвородена – т.е. осудена да живее сосема кусо, бидејќи нема да може да биде функционална. Тогаш зошто да се плати висока цена, за некакви барања од етничка платформа, за кусо владеење? Свесен е Заев дека СДСМ ги изгуби изборите токму поради ваквото пазарење со Македонија без демократска и отворена дебата? Ова е политика на уцени, и бескрупулозна битка за власт, веројатно со надеж дека ќе се пресметаат со „непријателот“, а за далекусежноста да склучениот пат, воопшто не мислат. Денес со таксист си правиме муабет, и на мојата теза дека политичариве и родена мајка би продале за власт, тој ме коригира: не мајка, туку и родено дете ќе жртвуваат! Ете, тоа е мислењето на обичниот човек!

vankovska

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.