четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

Ванковска за „невладиние“: Перцепцијата за Алфите преку ноќ ви се смени, сега тие се добрите момци

Според неа, сите активисти од соросовите невладини кои учествуваа во насилните протести во кои беше напаѓана и полицијата се токму оние кои редовно се противат на начинот на дејствување на единиците од „Алфа“ тимовите во полицијата – освен кога дел од припадниците на овие тимови, за кои јавноста дозна дека се кадри вработени од Оливер Спасовски – не им одат „од полза“ на приказните кои ги смислуваат соросовите активисти и имаат за цел дискредитирање на членови на власта.

ванковска

Последни вести

Професорката Билјана Ванковска позната по тоа што не ги штеди про-опозиционите невладини кога се во прашање нивните двојни стандарди, синоќа на нејзиниот фејсбук профил објави уште еден статус со кој потенцираше уште еден токму ваков момент.

Според неа, сите активисти од соросовите невладини кои учествуваа во насилните протести во кои беше напаѓана и полицијата се токму оние кои редовно се противат на начинот на дејствување на единиците од „Алфа“ тимовите во полицијата – освен кога дел од припадниците на овие тимови, за кои јавноста дозна дека се кадри вработени од Оливер Спасовски – не им одат „од полза“ на приказните кои ги смислуваат соросовите активисти и имаат за цел дискредитирање на членови на власта.

Ванковска пишува:

„Не така одамна, сите НВО и активисти велеа дека “Алфите” се лошите момци, кои пречекоруваат овластувања, кои не се легитимираат, кршат човекови права, употребуваат насилство, итн. Перцепцијата се смени и буквално преку ноќ, истите станаа добрите момци. Just saying…“

Најчитани вести