Ванковска згрозена од Мухиќ: Побитно е да се реши албанскиот јазик отколку на луѓето леб да им се даде

Почнав да ја слушам дебатата (ако разговор на истомисленици може да се нарече така) на Ферид и Попсимонова. Го прекинав слушањето кога Мухиќ кажа дека егзистенцијалните проблеми (демек, оние за кои се протестирало) и онака не можат да се решат, тие се секојдневни, и постојат во секое општество. Но, прашањето на употребата на албанскиот јазик било најсуштествено токму сега: и ако треба ќе се јадела корка сува леб, ама ова прашање на идентитетот морало да се затвори еднаш за секогаш!, напиша на својот ФБ профил универзитетската професорка Билјана Ванковска.

vankovska-1

Да, навистина тој тоа него рече, ама мене ме потсети на онаа честопати повторувана фраза „ако треба корења ќе јадеме, ама не се предаваме по нашите национални интереси“. Таа беше изречена од српски политичар, националист, пред распадот на Југославија. И така, независниот професор-филозоф и пратеник паѓа во страшни контадикции: прво, тврди дека во Македонија има два службени јазици и дека така е запишано во уставот, а кој мисли инаку има проблем со IQ, за потоа да зборува за некаква историска шанса за решавање на горливиот проблем на Албанците кој досега не бил решен! И дека Албанците, заедно со сите останати, треба да јадат и сув леб, ама ова историско прашање да се реши. Дали сум јас ненормална, или ова е чист спин, национализам, па дури и фаворизирање на бинационализам?, напиша Ванковска.