ВАР и среќата им ја донесоа победата на Французите

Во натпреварот во кој на Светското првенство во Русија првпат беше користена видео технологијата и во кој беа досудени два казнени удар, а кај победничкиот кол помогна и чипот вграден во топката, фудбалерите на Франција успеаја во Казан да ја совладаат Австралија со 2:1 (0:0) во дуелот од 1-то коло од Групата Ц.

Видовме две сосема различни полувремиња на овој меч. Во првото малку нешта ги возбудија гледачите по почетните десетина минути во кои Килиан Мбапе, Антоан Гризман и Пол Погба шутираа кон австралискиот гол, но сите нивни обиди ги скроти голманот Метју Рајан. Најопасната ситуација од првиот дел се случи, сепак, пред францускиот гол во 18 минута, која по нафрлањето од левата страна, Толисо се обиде да ја избие топката пред австралискиот стопер Сенсбари, но намери од својот гол ја упати кој левиот долен агол, но на негова среќа Иго Љорис беше подготвен и го спречи водството на „Сокеросите“. И тоа беше сѐ интересно во првиот дел, во кој Австралија се претстави како добро организирана одбранбена екипа, а опасна за противничкиот гол од прекини.

Но во второто полувреме по десет минути затишје настапија возбудувањата, кога во само седум минути беа досудени и реализиран два пенала, првиот благодарејќи на ВАР технологијата. Во 55 минута уругвајскиот судија Андрес Куња стана првиот кој ја искористи помошта на видео технологијата при носење одлука. Иако првично дозволи играта да продолжи, откако Гризман падна во шеснаесетникот по стартот на Џошура Рисдон, судијата при првиот прекин ја запре играта и одлучи да ја прегледа ситуација на снимка. Откако ја прегледа ситуацијата од сите можни агли, пресуди дека австралискиот бек го соборил Гризман и покажа на белата точка, а Рисдон притоа заработи и жолт картон. Гризман ја презема одговорноста и со прецизен удар во 58 минута ја доведе Франција во водство. Но Французите беа во водство само четири минути. Тогаш на нафрлување од десната страна во својот казнен простор незграпно реагираше Самуле Имтити и во скокот ја зафати топката со рака. По неколку секунди премислување, а најверојатно и во консултација со ВАР центарот во Москва, Куња повторно покажа на белата точка. Австралискиот капитен Миле Јединал, исто така, беше присебен и во 62 израмни на 1:1.

Францускиот селектор Дидие Дешам во 70 минута повлече изненадувачки потег и од игра ги повлече Гризман и Дембеле, а наместо нив ги стави робусниот Оливие Жиру и побрзиот Набил Факир. Овој потег се покажа вистински, бидејќи Жиру во 80 минута асистираше за победничкиот гол на Французите. На 20-ина метри одигра двојно додавање со Погба кој дотогаш беше невидлив, а овој од работ на казнениот простор ја зафати топката во оди да го мине австралискиот бек Азиз Бених, а од ногата на овој топката во идеален лоб го прелета голманот Рајан и удри во гредата и се одби со целиот обем зад гол-линијата.

На овој начин Франција, којашто многумина ја сметаат за еден од главните фаворите на шампионатот, дојде до сите три бод, а Австралијците може да жалат за испуштениот бод кој може да значи многу во групната фаза.