Вардар 2014 го доби дербито против Работнички и ја превзеде втората позиција

Екипата на “Вардар 2014” го доби дербито на десеттото коло во Македонската кугларска лига, каде во директен дуел за второто место го совлада тимот на Работнички. Екипата на “Вардар 2014” го одигра најдобриот натпревар на сезоната, што резултираше со победа од резултат 7:1, со резултат на вкупно соборени дрва од 3572 наспроти 3231.

Во натпреварот дури 3 играчи имаа резултат од над 600 соборени дрва (Влакевски и Димитровски (612) од “Вардар 2014”, Тодор Манев (601) од Работнички), а најдобар играч на теренот беше Бојан Влакевски со фантастична партија и резултат од 654 соборени дрва. За одличното издание на екипата на “Вардар 2014” говори и фактот дека вкупниот резултат од 3572 соборени дрва е најдобар постигнат резултат на овој тим.

10 kolo 2015 (Vardar 2014-rabotnicki) (1)

Со оваа победа, “Вардар 2014” и Работнички имаат по 13 бодови, но поради подобрите резултати, “Вардар 2014” го превзема второто место на табелата.

Во вториот одигран натпревар кој се одигра во четвртокот во кугланата “Мусандра”, во дербито на двете последно пласирани екипи, екипата на “Империјал Тобако” на гости ја совлада екипата на “Македонија” со резултат 1:7 и вкупен резултат на соборени дрва 2735 наспроти 2934.