Вардар бара јунак кој ќе понуди најмалку еден милион евра по сезона

Советот на Град Скопје донесе одлука за продажба на акции во сопственост на Град Скопје во Друштвото за спортски дејности Фудбалски клуб Вардар АД, Скопје. Исто така, Советот го усвои Извештајот за финансиското работење на Фудбалскиот клуб Вардар АД, Скопје за период од 11.01.2012 година до 30.09.2013 година.

Градот Скопје има 51% од акциите, а истите ќе се продаваат како мнозински пакет по пат на јавно надаваже.
Од Град Скопје информираат дека една акција би имала почета цена од 50 илјади денари, а новиот сопственик ќе мора да даде гаранција дека ќе инвестира најмалку еден милион евра по сезона.

Во последните неколку недели беше актуелна информацијата дека најзаситересиран за иневстирање во најтрофејниот клуб во Македонија е сопственикот на ракометниот брен Вардар, Русинот Сергеј Самсоненко.