Вардар беше на чекор до Ф4, но не успеа

Вардар го совлада Фленсбург со 27-25, во неверојатно возбудлив меч во реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, но за жал не успеа да се пласира на Фајнал форот во Келн.

Вардар го совлада Фленсбург со 27-25, во неверојатно возбудлив меч во реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, но за жал не успеа да се пласира на Фајнал форот во Келн. Реваншот во Скопје беше еден од највозбудливите во историјата на клупскиот ракомет и во Лигата на шампионите, а Вардар приреди чудо, откако ја анулира предноста на Фленсбург од 15-10 на полувремето и 18:12 на стартот на вториот дел.

 

Во последните моменти Вардар не успеа да постигне победоносен гол, за историја, но може да си замине од европската сценат со крената глава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.