Вардар брка три од три

Актуелниот шампион на Македонија, ФК Вардар, денеска ќе обиде да запише уште една победа, трета во низа, а најнова жртва на „црвено-црната” експедиција би требало да биде секогаш незгодниот тим на Ренова.

Најзаслужниот за одличните резултати во изминатиот период, малдиот игра за врска, Јасир Асани, кој е вистински хит во пролетниот дел од актуслната сезона, пред натпреварот изјави дека Варда иде на победа и дека само така може да биде крунисана напорната работа во изминатите седум дена.

„Одиме на победа, работевме напорно оваа недела, спремни сме за предизвикот и ќе го дадеме максимумот за да ги освоиме трите бода“,  изјави Јасир Асани.

Триумф на националната арена „Филип Втори” најави и дефанзивецот Стојан Стојчевски.

„Знаеме дека Ренова го доби Пелистер и дека ќе бидат уште помотивирани против нас, но ние веруваме во себе и во нашите сили, максимално сме концентрирани, победата е единственото нешто што не интересира”, изјави Стојчевски.