Вардар чекори кон 1/4 финале – на полувреме води против Висла со 14:10

Во преполната сала во СЦ „Јане Сандански“ македонскиот преставник во ракометната Лига на шампионите, Вардар води на полувреме против Висла Плок со 14:10.

Понесени од фантастичната публика која создаде делириум во „Јане Сандански“, како и од одличниот Сергеј Горбок кој постигна половина од погодоците на „црвено-црните“, вардаровите ракометари успеаа да анулираат 4 гола предност од вкупно 6-те кои Висла ги донесе од првиот меч во Плок.

Судбината е во нивни раце, останува да продолжат во ист ритам и во вториот дел, па заедно да се радуваме на нов пласман во едно 1/4 финале во Лигата на шампионите.