Вардар два натпревара надвор од Скопје, а Шкупи со шест дуели суспензија

Вардар два натпревара надвор од Скопје, а Шкупи со шест дуели суспензија
Вардар два натпревара надвор од Скопје, а Шкупи со шест дуели суспензија

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди казните за клубовите од Првата лига кои имаа проблеми во организацијата на натпреварите.

Вардар следните два натпревара како домаќин ќе ги игра надвор од Скопје, на оддалеченост од најмалку 100 километри, а ќе мора да плати и парична казна од 1.500 евра. Причина за казната се пропустите во организацијата на натпреварот со Шкендија пред десет дена.
Вардар без присиство на гледачи ќе игра на следниот дуел со Шкупи, како и на првиот натпревар од новата сезона.

Екипата на Шкупи пак доби шест натпревари суспензија на теренот, откако на дуелот со Вардар навивачите направија тежок инцидент и ги нападнаа фудбалерите на Вардар.
И Шкупи, како и Вардар заработи и парична казна од 1.500 евра.