Вардар-Фленсбург, распродадено за само 15 минути

За само 15 минути беа распродадени повеќе од 5.000 влезници за претсојниот натпревар меѓу Вардар и германски Фленсбург од ракометната лига на Шампиони.

Продажбата на картите стартуваше денеска точно на пладне, преку интернет.

Веќе во 12.15 часот немаше веќе влезници.

Цените на билетите се движеа од 250 до 500 денари. Во претходните два дена, пак, влезници заменуваа оние што имаа од претходно блок билети.