ВИДЕО: Вардар ги нижи победите во СЕХА лигата

 Вардар во текот на целиот натпревар беше подобар ривал и постојано ја зголемуваше предноста. Сите „вардарци“ успеаја да се запишат во листата на стрелците, а најефикасен беше Алекс Душебаев со 6 голови.
На вториот натпревар одигран синоќа ППД Загреб го победи Горење со 28:21.
Табела: Вардар 16 бодови, Веспрем 9, Цеље 9, Мешков Брест 7, ППД Загреб 6, Металург 3, Горење 3, Нексе 3, Татран Прешов 3, Извиѓач 0.