Вардар го обезбеди првото место во СЕХА лигата во регуларниот дел

вардар

Во неизвесен натпревар двете екипи се менуваа во водство, а во последните минути Вардар направи серија од 4-0 и поведе со 31:28 во последната минута што значеше обезбедување на победата.

„Црвено-црните“ ќе ја имаат позицијата број 1 на „фајнл-фор“ турнирот.

Тимур Дибиров со 8 голови беше најефикасен, додека 6 голови постигна Вуко Борозан.

На вториот натпревар одигран вчера Веспрем – Извиѓач 36:31.

Табела: Вардар 44 бодови (17 натпревари), Веспрем 41 (17), Цеље 30 (16), ППД Загреб 28 (13), Мешков Брест 26 (15), Горење 12(13), Нексе 12 (14), Металург 10 (14), Татран Прешов 10 (14), Извиѓач 3 (15).