Вардар го победи Ѓер со 29-24

Уште во подготвителниот период пред почетокот на новата сезона во ЕХФ Лигата на шампионките, ракометарките на ЖРК Вардар најавија дека повторно ќе бидат тим што ќе атакува на самиот врв. На силниот турнир во Унгарија, „Handball Fiesta“, нашите ракометарки го освоија првото место во конкуренција на европскиот првак Ѓер, и на норвешки Ларвик. Во, мечот што решаваше за првото место, Вардар со 25-24 го победи Ларвик.

Претходно, ЖРК Вардар во првото коло го победија домаќинот Ѓер, со 29-24, а потоа и Ларвик беше подобра од актуелниот европски првак победувајќи го со 30-24.

Првото полувреме Норвежанките го добија со 15-12, имаа предност од неколку гола, а вардарки не дозволија таа да биде поголема. Голот примен во последните секунди им донесе предност на норвежанките од плус три на полувреме, а добрата игра на Вардар само што почна.

Ако во првото полувреме Ларвик имаше решение за секоја одбрана на Вардар, така сега нападот на „црвено-црните“ знаеше како да го пробие норвешкиот ѕид. Брзо проработе Вардар, па почна и да се топи предноста на противникот. Со три гола во низа фати приклучок и намали на 17-18, по само шест минути игра, а серијата ја продолжи до 7-2 за водство од 21-20 во 43. минута. Оттогаш Ларвик успеа само еднаш да изедначи (23-23), но не и да го врати водството.

Вардар – Ларвик 25-24 (12-15)

Вардар: Радичевиќ 1, Пино, Митрова, Лејно, Лазовиќ 2, Дембеле 6, Фернандез 1, Алтхаус, Кликовац, Пенезиќ 3, Черноиваненко 4, Ихнева 2, Суслина, Хмирова 3, Лекиќ 3.