Спорт

Вардар го пречкува Металур во прва битка за титулата

Вардар го пречкува Металур во прва битка за титулата

Македонскиот шампион Вардар денеска (17.30 ч) го во СЦ „Борис Трајковски” го преечкува вицешампионот Металург во првата битка за титулата во домашното првенство. Двете екипи имаа успешна сезона во Лигата на шампионите, каде што беа елиминирани во четвртфиналето. За разлика од Металург, кој на двапати беше убедливо поразен од Кил, „црвено-црните” беа несреќно елиминирани од Фленсбург, со гол од седум метри на 12 секунди до крајот на мечот.

Оваа сезона големите македонски, балкански и европски ривали одиграа четири натпревари меѓусебе, односно по два во СЕХА лига и Лигата на шампионите. Вардар оствари една победа, додека Металург две, а еден натпревар заврши нерешено. Ова ќе биде заостанат меч од првото коло од ракометната Суперлига, додека дуелот од 6-то коло ќе се одигра на 8 мај.