Вардар го преслуша Зомимак, на ред е Металург

Елиминација на Вардар во четвртфиналето од Лигата на шампионите од Флензбург, не остави поголема трага врз македонскиот шампион. „Црвено – црните” го докажаа ова со победата на натпреварот од третото коло од машката Суперлига, против Зомимак М, совладувајќи го со 29:21 (13:9).

Ова е одлична најава во пресрет на првиот дерби дуел сезонава во домашното првенство против Металург, кој се игра на 2 мај од 17.30 часот во СЦ “Борис Трајковски”.

Најефикасен ракометар во составот на Вардар беше Раковиќ со осум гола, додека Тоскиќ и Дибиров постигнаа по пет. За екипата на Зомимак, Везенковски беше стрелец на седум погодоци.

Македонскиот шампион на овој натпревар настапи без стандардните првотимци Козлина, Карачиќ и Чипурин.